Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, шест за возење без возачка дозвола, пет за управување под дејство на алкохол, пет за користење мобилен телефон, двајца за минување на црвено светло, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 42 за непрописно паркирање, велат од МВР.