Репрезентацијата на Англија ќе бара пат до полуфиналето на Европското првенство преку Украина.
На натпреварот што се игра во Рим, селекторот на Англија, Герет Саутгејт, наводно, конечно ќе му даде шанса на Џејдон Санчо.
Новиот член на Манчестер Јунајтед одигра само шест минути на ова ЕП во дуел против Чешка, додека на другите натпревари не беше во плановите на селекторот.
Веројатно тоа ќе се промени вечерва, а Санчо треба да игра од првата минута, исто како и Мејсон Маунт, кој исто така се враќа во тимот.
Формацијата во која ќе играат Англичаните е 4-2-3-1, а Саутгејт ги подготви овие 11 играчи за Украинците:
Пикфорд, Мегваер, Стоунс, Шоу, Вокер, Рајс, Филипс, Санчо, Стерлинг, Маунт и Кејн.
Проблем при изборот на Герет Саутгејт може да биде фактот што нивните навивачи нема да бидат во Рим, па Украина ќе има предност на трибините.