Минатиот викенд челници на „Самоопределување“ беа во Струга каде држеа обука за стратешко планирање. Обуката беше наменета за раководството на партијата, пратеници како и за потенцијални кандидати за градоначалници. Еден од главните експоненти кој го раководеше тимот беше Арбер Заими кој што е долгогодишен советник на лидерот на „Самоопределување“ и премиер на Косово, Албин Курти. На настанот исто така се дискутирало и за локална платформа за престојните локални избори во земјата кои треба да се одржат кон крајот на октомври.