epa09178937 A woman reacts after receiving a dose of the Chinese Sinopharm vaccine against COVID-19 during a mass vaccination campaign at the Boris Trajkovski Arena in Skopje, Republic of North Macedonia, 05 May 2021. North Macedonia begin mass vaccination after the arrival of 200 000 doses of the Chinese Sinopharm COVID-19 vaccine. The European Union started delivering EU-funded coronavirus vaccines to the Western Balkans countries, candidates to join EU, but China and Russia have already been supplying the much-needed vaccines to the region. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 433.787 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 236.878 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.057 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.763 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 331.034 дози вакцини, а ревакцинирани се 94.156 граѓани. Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

 

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.