И ПТИЦИТЕ на гранката знаат дека ни требаат седум до девет часа сон, но многумина од нас спијат многу помалку од тоа. Експертот за сон Оливија Арецоло вели дека постои значајна врска помеѓу спиењето и здравјето. Спиењето влијае на сè – од меморијата, до стресот и емоционалната состојба, до здравјето на кожата и целокупното здравје. А секој што спие само шест часа навечер, предупреди Арецоло, има четири пати поголема веројатност да настине.

„Спиењето е од витално значење. Околу 70 отсто од хормонот за раст се произведува во длабок сон, а тој е одговорен за здравјето на кожата, како и на секоја клетка во телото. Со недоволното време за опоравување, се зголемуваат шансите да бидеме исцрпени. “, изјави таа за The Beauty Chef.

Оливија објаснува дека нашиот мозок се ослободува од невротоксините додека спиеме, а тие се виновниците за губење на меморијата, дури и за Алцхајмерова болест.

„Долгорочниот ефект од недостатокот на сон е уште полош. Тоа носи 45 отсто поголем ризик од кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2 и анксиозни нарушувања“, изјави таа.

Поради оваа причина, Арецоло советува да ја преземете контролата врз вашиот сон. Тој препорачува длабоко дишење и медитација и дополнување со магнезиум, доколку е потребно, за кој е познато дека поттикнува поспаност и релаксација. Таа сака да пие шолја чај од камилица и да ги отстранува сите извори на сина светлина, како што се мобилни телефони, телевизор, таблети и компјутери.

„Сината светлина го потиснува мелатонинот и придонесува за потешкотии со спиењето“, додаде таа.