Лука Модриќ ќе продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид и следната сезона.

Искусниот играч за врска, кој годинава ќе го прослави својот 36-ти роденден, се согласи да ја продолжи соработката со „кралевите“, а наскоро и официјално ќе потпише договор до летото 2022 година.

Хрватскиот фудбалер се согласи на сите услови што клубот ги побара од него. Тој е еден од ретките кој без дискусија се согласи на намалување на платата за оваа сезона, а истото го стори и за следната.

Модриќ прифати многу помал договор отколку што има во моментов (12 милиони евра годишно). Новиот не е ниту близу до оваа бројка, но тој ја прифати затоа што сака да одигра уште една сезона во кралскиот клуб.

За разлика од Модриќ, повеќето други фудбалери не се согласија на ново намалување на платата. Клубот сега се обидува да се договори со секого индивидуално затоа што, како и многу други големи тимови, тие се наоѓаат во непријатна финансиска состојба.

Модриќ имаше разбирање за тешкотиите низ кои поминува клубот, но тоа е навистина редок случај.

Лука е член на „Кралевите“ од 2012 година. Тој освои апсолутно сè со овој клуб, и постигна 37 гола на 371 натпревар.

loading…