Здравствените експерти секој ден нагласуваат колку е важен дневниот внес на витамин Д. Иако не постојат голем број намирници што го содржат, земањето додатоци е одличен начин да го внесете овој витамин – кој штити од инфекции.

Сепак, новата студија предупреди дека една обична намирница може да обезбеди доволно витамин Д. Научниците провериле што може да обезбеди печурката во овој поглед. Тие анализирале шампињони и буковки, а некои биле изложени на УВ-светлина. Се обиделе да откријат колку здравствени придобивки ќе им пружат на луѓето. Испитаниците јаделе 84 грама печурки на ден, околу половина порција. Што откриле? Само една порција печурки го зголемила внесот на влакна кај сите испитаници, како и на минерали како што се бакар, селен, цинк, рибофлавоин, ниацин и калиум. Сепак, најмногу придобивки пружиле печурките кои биле изложени на УВ-светлина. Истото важи и кога станува збор за витаминот Д, а исто така само една порција печурки им овозможила да го зголемат дневниот внес на овој важен витамин.

При купувањето печурки обрнете посебно внимание на оние на кои пишува дека се збогатени со витамин Д. Но, и консумирањето печурки кои не биле изложени на УВ-светлина е одличен начин (со земање суплементи) за доволно внесување на овој витамин во организмот, а сето тоа за подобра заштита од коронавирусот.

Витаминот Д има задача да контролира колку калциум ќе се апсорбира од храната, колку ќе се апсорбира или ослободува од коските. Ако во организмот недостасува калциум, се произведува повеќе активна форма на витаминот Д во бубрезите кој помага во апсорпцијата на калциумот. Ако недостасува витамин Д во организмот, овој механизам нема да обезбеди хомеостаза на калциум па ќе дојде до ослободување на калциумот од коските, т.е. до деминерализација, за да се постигне потребното ниво на калциум во крвта. Оваа состојба доведува до остеомалација и остеопороза кај возрасните и рахитис кај децата (антирахитичен витамин).

Затоа, со доволен внес на витамин Д, мора да имаме на ум да ги задоволиме и дневните потреби за калциум. Освен наведената улога, витаминот Д има и други функции како што се регулирање на фосфатниот метаболизам, регулација на имунолошкиот одговор, регулација на нивоата на инсулин и шеќер во крвта и на крвниот притисок.

Експертите препорачуваат помеѓу 400 и 800 меѓународни единици (ИУ) на витамин Д дневно за да се задоволат потребите на организмот, но кога зборуваме за зголемени потреби поради намалување на ризикот од развој на малигни заболувања, внесот на витамин Д треба да биде значително поголем. Американските истражувачи утврдиле дека внесувањето на 4.000 до 8.000 меѓународни единици на витамин Д може да го намали ризикот од рак на дојка, колоректален карцином, мултиплекс склероза и дијабетес тип 1.