Само еден ден им бил потребен на германските крим-техничари за да го завршат увидот во тетовската модуларна ковид-болница, која беше зафатена од катастрофален пожар, кој однесе со себе 14 човечки животи, потврдиле од Јавното обвинителство за ТВ24.
Доказите собрани од германскиот тим експерти ќе се вештачат во лабораториите во нивната земја, по што тие треба да ги достават резултатите во Јавното обвинителство во Тетово.