„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има клевети од најапсурден вид“, велат од Алијансата за Албанците.

„Смирено сме фокусирани на нашата работа кон Октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има доволно маки.

Самиот факт што ја напуштивме владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани, а можеби тоа е незамисливо за некои партии на власт.

Алијансата за Албанците е на добар пат и во своите најдобри денови!“, се додава во соопштението.

Текстот „Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците е превземен од МАКФАКС.