Поранешниот грчки премиер и пратеник од Нова демократија, Андонис Самарас смета дека Преспанскиот одоговр не го решил спорот со Македонија, ниту Грција видела нешто добро, туку само неподнослива национална штета, давајќи име, идентитет и јазик.
Самарас најавува дека нема да гласа за трите меморандуми со Северна Македонија кога ќе дојдат за ратификација во Парламентот.
„Прво, не „решивме“ никаков проблем, едноставно проблемот што го имавме се трансформираше во друг –поопасен! Што ги инволвира и Бугарија и Албанија и Косово. И други, со многу видови на „желби“. Второ навлегувањето на Турција во регионот, не беше прекинато по Договорот од Преспа. Напротив, се зајакна. И на крај, земјите кои нѐ притискаа да отстапиме пред Скопје, кога дојде време да се справиме со провокациите на Турција, не ја поддржаа Грција!“, изјавил Самарас во интервју за „Катимерини“.
Тој објаснил дека Франција која отворено ја поддржал Грција во спорот со Турција, не ја поддржала силно интеграцијата на Скопје во Европа.