„Еве стојам и гледам како полека си заминува 2020-та, некако бавно како да не ѝ се оди, синкир била прекрасна. Оди и никогаш да не се повториш!
Ако ти беше целта да нѐ потсетиш дека здравјето е најбитно, дека за секоја навика постои одвика, дека може да живееме и без многу патување, без луди журки и излегувања, дека физичката дистанца може уште повеќе да ги зближи луѓето… да ти кажам искрено… успеа, ама доста е веќе, го сакаме животот назад! Сѐ што сакаме оваа година е да ни биде сѐ што не беше ти!
И да, без разлика што повеќето од вас ќе останат дома тоа не значи дека не треба да се дотераат… Еве како јас на пример…“

Вака нашата водителка Лила Филиповска се збогуваше со 2020 година, објавувајќи како дотерана во нејзиниот најгламурозен фустан се подготвува за пречек на новата година и со оптимизам дека ќе биде многу подобра од оваа што ја оставивме зад нас.

Instagram