Баерн Минхен во следната сезона ќе влезе со нов тренер, а искусниот Ханси Флик (56) ќе биде заменет со 33-годишниот Jулијан Нагелсман.
Баерн постигна договор со талентираниот стручњак и РБ Лајпциг, а овој одличен тренер ќе ги предводи Баварците во новата сезона, на што навивачите на овој тим секако се радуваат.
Германскиот весник „Билд“ наведува дека комплетната работа околу ангажманот на Нагелсман ја завршиле спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и идниот прв човек на клубот, Оливер Кан.
Одличниот млад тренер отсекогаш бил првиот избор на Хасан Салихамиџиќ за иднината на баварскиот клуб, а кога Ханси Флик најави заминување, Салихамиџиќ го подготви теренот за финализирање на зделката.
Хасан заврши сè што беше потребно околу договорот, имаше состанок со агентите на 33-годишниот тренер, а на преговарачката маса беше и Оливер Кан, кој немаше премногу проблеми да ја заврши работата.
Од првиот ден на 2022 година, Оливер Кан ќе ја преземе функцијата извршен директор на клубот од познатиот Карл-Хајнц Румениге, кој заедно со Ули Хоенис немаат никаква улога во ангажирањето на нов тренер по 42 години.
Легендарното дуо реши да им ја препушти целата работа на новите челници на клубот, а Салихамиџиќ и Кан завршија феноменална работа и во клубот донесоа еден од најталентираните тренери во светот.
Од друга страна, се уште актуелниот тренер на Баерн, Ханси Флик, најверојатно ќе ја преземе репрезентацијата на Германија, а Мирослав Клосе ќе го напушти клубот со него.
Нагелсман ја започна својата тренерска кариера во 2016 година во Хофенхајм. Имаше само 28 години кога го презеде тимот и е најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата.
33-годишниот тренер на клупата на РБ Лајпциг е од 2019 година. Начинот на кој тој го разбира фудбалот привлече многу клубови кои сакаа да го ангажираат, но никој немаше шанса покрај Баерн.