Поранешниот претседател на Уставниот суд Салих Мурати  бара употребата на турскиот јазик да биде вклучена во новиот Деловник на Собранието. Тој поради ова им пишал на претседателот на Собранието, пратениците, но и до ОБСЕ.

-Денеска писмено им се обратив до претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, до сите пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и до шефот на мисијата на ОБСЕ, амбасадорот г. Килијан Вал, во кое истакнав дека членовите 3, 19 и 35 од Предлог-Деловникот, кои ја предвидуваат употребата на јазиците на парламентарните седници и работните групи, не се во согласност со многу членови од нашиот Устав, со стекнатите права на малцинските заедници, меѓународното право, европските вредности и компаративната судска практика.

Врз основа на нашиот устав, нашите стекнати права и меѓународното право, нема правна препрека за употреба на турскиот јазик на сите седници и работни тела на Собранието, а употребата на турскиот јазик треба да биде вклучена во новиот Деловник на Собранието на Република Северна Македонија, вели тој.