Зголемувањето на процентот на имунизација на населението е услов за укинување на превентивните мерки како носење маски, дезинфекција и дистанца, вели министерот за здравство Беким Сали. Сепак, со ова темпо на имунизација, според него, ќе се најдеме во ситуација пандемијата во светот да заврши, а кај нас да продолжи уште некој месец.
– Гледаме коментари дека Данска и Велика Британија ги укинала мерките, но таму процентот на вакцинација е 86, а во Италија – 91 отсто, а кај нас е 41 процент. За жал, врз основа на што да ги укинеме ние мерките, изјави вечерва министерот Сали во гостувањето на телевизија Канал 5.
– Добиените вакцини од Италија имаат рок до крајот на јули годинава. Веќе преземаме мерки и ова е дел од таа кампања дека имаме безбедни вакцини, а на тие што им е поминат рокот ќе бидат соодветно уништени, изјави Сали.