Во периодот од последните три години, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) направил три редовни и девет вонредни надзори во Клиничката болница „Жан Митрев“. Во тек се активности во Лекарската комора во однос на стручниот надзор и ги очекувам информациите. Решен сум овој случај да добие разрешница, изјави денеска министерот за здравство, Беким Сали после сторијата на ИРЛ за работењето на приватната клиника во време на ковид-пандемијата.

-Ќе се изврши надзор и ќе се укаже дали и кога се извршени хемофилтрациите. Ние како Министерство се уште не знаеме. Во делот на хемофилтрација како метода, тоа веќе постои и се користи. КАРИЛ исто ја користи како метода. Тоа не е ново, прашањето е дали и кога се користело кај „Жан Митрев“. Стручно тело треба да истражи и види кога се користела и дали таа метода е ризична по пациентите, дали била причина за компликација на состојбата кај пациентите во „Жан Митрев“ , појасни министерот Сали.