Салата „Борис Трајковски“ ќе стане центар за вакцинација. Од утре ќе почне подготовката и адаптацијата. Според информациите ќе има 30 пунктови односно позиции за вакцинираање. Токму во оваа сала ќе се спроведе масовната имунизација. Таа почнува со вакцините на АстраЗенека, чии 24.000 дози пристигнаа вчера. Министерот Филипче најави дека во април се очекува да пристигнат поголеми количини на вакцини од неколку места, односно производители.
Треба да пристигне втората доза од „АстраЗенека“, односно 76 илјади дози преку Ковакс-механизмот, како и вакцините од Кина. Во однос на вакцините од „Фајзер“ кои се нарачани со директни преговори, Филипче рече дека конечно „Фајзер“ го потпишала договорот и дека оваа недела треба целосно да се потпише договорот.
Во земјава досега се вакцинирани 7.005 лица, т. е здравствени работници од Ковид-центрите.