Египетскиот репрезентативец и напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, може да се пресели во редовите на ПСЖ во летниот преоден рок.
Како што пишува „TF1“, овој 28-годишен фудбалер, може да го замени Килијан Мбапе во францускиот великан. Договорот на Мбапе со ПСЖ завршува во 2022 година, а исто така се зборува за негово заминување ова лето.
Во тековната сезона, Салах одигра 30 натпревари во Премиер лигата, на кои постигна 19 гола и забележа три 3 асистенции.
Порталот „Transfermerkt.com“ го проценува фудбалерот на 110 милиони евра.