Мохамед Салах во последно време не е задоволен во Луверпул, наводно не е во добри односи со менаџерот Јирген Клоп, а тензијата дополнително беше крената во соблекувалната за натпреварот со Митјиланд во Лигата на шампионите.
Имено, Салах очекуваше тој да ја добие капитенската лента, но таа заврши на раката на Трент-Александер Арнолд.
Минатата сезона Салах беше незадоволен од соиграчот во нападот Садио Мане, како и со Клоп, но тоа не се одразува на игрите на теренот како минатата така и оваа сезона во која е прв стрелец во Премиер лигата со 13 постигнати голови.
На натпреварот против Кристал Палас, на Салах не му се допадна тоа што беше на клупата за резервни играчи, а кога влезе во игра постигна два гола но според говорот на телото, тој е незадоволен и тоа го тврди неговиот поранешен соиграч од египетската репрезентација, Мохамед Абутрика.
– Да, Салах сака да си оди, но за тоа се прашува Ливерпул. Салах не е фудбалер кој своето незадоволство нема да го изрази на теренот, но во односите помеѓу него и Ливерпул има уште проблеми и за нив нема да зборувам јавно. Беше многу разочаран против Митјиланд, но ги прифаќа одлуките на својот тренер – вели Абутрика кој додава дека следната дестинација на Мохамед Салах ќе биде шпанската Ла Лига.
– Доколку Момахед игра за Барселона или Реал Мадрид на ова ниво, тој би ја освоил златната топка. Доколку Ливерпул го стави на трансфер листата, а по се изгледа тоа ќе се случи, сите екипи ќе се вклучат по неговиот потпис. Но, негова цел се Барселона и Реал Мадрид, Мохамед знае што е најдобро за него – додава Абутрика.