Репрезентацијата на Македонија вечерва од 20.45 ја пречекува репрезентацијата на Ерменија во рамките на квалификациите за Светско првенство кое треба да се одржи следното лето.

Натпреварот ќе биде интересен, со оглед на тоа што се најавува различна и нова игра од двете репрезентации, а по две децении за прв пат нашата репрезентација ќе биде без нашиот Горан Пандев, но и без селекторот Игор Ангеловски, на негово место вечерва деби ќе има Благоја Милевски.

Европското беше достиг, но ние сакаме на Светско, па затоа вечерва одиме на победа.

Натпреварот е од 20.45 на Арената Тодор Проески.