Попладнево, со почеток во 18 часот во „Јане Сандански“ Македонија го игра последниот меч од квалификациите за пласман на ЕП 2022. Пласманот е обезбеден, но и покрај тоа ракометарите посакуваат празнича радост и победа против селекцијата на Швајцарија. На Швајцарија и треба победа.

Селекторот Кирил Лазаров ќе биде во составот на играчи, а тука ќе биде и неговиот помошник во стручниот штаб, Филип Миркуловски.

Составот на Македонија за денешниот меч со Швајцарија: Митревски, Велковски, Стоилов, Лазаров, Ѓорѓиев, Талески, Томовски, Миркуловски, Маркоски, Кузмановски, Костески, Георгиевски, Младеновиќ, Пешевски, Маџовски, Мишевски.