Вистинска драма се случувала во домот на 34 годишна Англичанка, а за сето тоа говори и видео снимката од нејзините три камери.
Имено Саманта Дрири сакала само да ја исчисти дневната соба, но тоа очигледно се претворило во пекол, а можело да заврши и фатално за неа.
Таа имено започнала да ја чисти собата, а освежувачот за простории го поместила од прозорецот на радијаторот кој бил исклучен, потоа започнала да го чисти троседот а наеднаш се создало експлозија која причинила штета од над 6 илјади фунти.
Во експлозијата биле запалени тепихот и троседот, а таа се здобила само со мали изгореници по телото.
Засега се уште не е јасно како и што ја предизвикало експлозијата, но едно е сигурно, сите имаме дома вакви освежувачи, но треба да бидеме внимателни каде ги ставаме и како ги користиме.