Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на прес конференција посочи дека денеска партијата ќе го одржи 17-тиот Конгрес.
Тој вели дека на Конгресот ќе земат учество 517 делегати, а има доставено само една кандидатура од страна на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски.
-Покрај изборот на претседател на партијата, Конгресот ќе донесе и документ, акт, политички документ, доктрина која ќе биде платформа за идни делувања на ВМРО-ДПМНЕ. По изборот на претседател, ќе биде избрана и Статутарна комисија и Комисијата за надзор и финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ. Од овој Конгрес веруваме дека ќе излеземе уште по обединети, уште посилни и ќе донесеме нови победи на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија“, вели Сајкоски.