Во изминативе неколку години Ливерпул имаше фантастично трио во нападот со Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино. Овие тројца функционираа одлично, но триото веќе никогаш нема да биде во комбинација откако летово од „Енфилд роуд“ си замина Садио Мане. Сенегалецот потпиша за Баерн Минхен.
Advertisements
Според најавите од Англија, Мане нема да биде единствниот напаѓач кој ќе си замине од Ливерпул во овој преоден рок. Најавите се дека Фирмино е во потрага по нов клуб и дека во следната сезона нема да биде дел од англискиот гигант.
Првично се шпекулираше дека Фенербахче може да биде следната дестинација на Бразилецот, но подоцна во комбинација влезе и Јувентус, кој е во потрага по партнер во нападот на Душан Влаховиќ.
Старата дама е подготвена да плати 23 милиони евра за трансфер на Фирмино, а оваа сума треба да биде прифатлива за челниците на Ливерпул, што значи дека во скоро време може да има и реализација на овој трансфер.
И со заминувањето на Фирмино, Ливерпул ќе има квалитетен напад затоа што освен Салах, тука се и Луис Дијаз, Диого Жота и новото стомилионско засилување, Дарвин Нуњес.
Извор: Спортманија