„Владата повеќе нема легитимитет и тоа ќе го видиме и во наредните денови. Тоа вчера што се случи е срамно за државата“, изјави градоначалникот на Студеничани, Азем Садику во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Според Садику пратеникот Кастриот Реџепи воопшто не изгледал како да се решил своеволно да отсуствува од седницата.

„Тој доброволно се потпишал во иницијативата и како што изјавија од неговата партија стоел на ставот. Ова е лошо сценарио и лоша слика за државата. Во видеото не изгледаше добро, изгледаше како да е под присила“, истакнува Садику.

Градоначалникот на Студеничани е дециден дека е време ДУИ да замине во опозиција.

„Единствено решение на сите граѓани е да се организираме и да им кажеме дека е доста. Ова што се случува не е нормално. Сега е потребна техничка влада која ќе има единствена задача, а тоа е да организира избори за излез од оваа ситуација, потенцира Садику.