По состанок со претставници на производителот на вакцини Фајзер, американските здравствени власти соопштија дека на Американците кои се целосно вакцинирани не им треба трета доза, јавија локалните медиуми цитирајќи портпарол на Министерството за здравство и социјална заштита.
Минатата недела, Фајзер соопшти дека планира да побара од регулаторите на САД да дозволат засилувачка доза вакцина на компанијата против Ковид-19, поради докази за зголемен ризик од зараза шест месеци по аплицирање на втората доза од вакцината и по информациите за ширење на Делта мутацијата.
Портпарол на американското Министерство за здравство изјави дека властите и Фајзер ја следат ситуацијата и ќе продолжат да разговараат дали и кога ќе биде потребна засилувачка доза. За потребата од ваква доза се дискутираше откако стана јасно дека во многу земји доминантна варијанта на коронавирусот е веќе Делта мутацијата и се појавија сомнежи дали постојните вакцини обезбедуваат доволна заштита од неа.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.