Американската јавност сè уште е во шок по експлозијата на трајлер во Нешвил, пренесуваат локалните медиуми. Според моментните информации, најмалку три лица се повредени, а еден од полицајците, наводно, привремено го загубил слухот по детонацијата.
Полицијата се огласи дека станува збор за „очигледен намерен чин“, а градоначалникот на Нешвил, Џон Купер го опиша инцодентот „како да експлодирала бомба“. Медумите во САД јавуваат дека за експлозијата се известени и Доналд Трамп и Џо Бајден.
„Си-Би-Ес“ тврди дека, наводно, се пронајдени остатоци од човечко тело во близина на местото на камп возилото, но не е познато дали е некој кој е поврзан со инцидентот или во прашање е невина жртва. Во тој од градот е прогласен полициски час, мерка што ќе биде на сила до недела во 4:30 часот наутро по локално време.