САД навестуваат дека уште некое време во Европа ќе имаат стационирано 100.000 војници, освен доколку Русија не почне сериозно да им се заканува на Шведска и Финска или членките на НАТО.
Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски официјални лица, наведува дека е можно САД да дозволат и привремено зголемување на бројот на војници доколку НАТО спроведе повеќе воени вежби во регионот, а, исто така, може да креираат и опремат дополнителни бази во Европа доколку се промени безбедносното опкружување.
По руската инвазија, САД го зголемија бројот на свои војници во Европа од околу 60.000 на 100.000, за да може да му дадат поддршка на НАТО.