САД продолжуваат да ги нарушуваат и изложуваат трансферите на балистички ракети и воени вежби меѓу Русија и Северна Кореја со нови санкции за физички и правни лица, јавија синоќа од американскиот Стејт департмент.

Стејт департментот синоќа соопшти за санкционирање на четири товарни воздухоплови ИЛ-76 и АН-124 на Командата на воено-транспортаната авијација на Русија и 224-та воздушна единица на државните авиолинии.

Според Извршниот указ 1404 на претседатело на САД, што авторизира санкции во однос на одредени злонамерни странски активности на владата на Русија, санкционирани се 224-та воздушна единица на државните авиолинии и нејзниот генерален директор, комплекост за напредни оружја и истражувања „Владимировка“ и воениот полигон „Ашулук“.