Утре САД ќе објават нов пакет санкции против руските политичари и олигарси. Тоа ќе се случи за време на средбата на претседателот Џо Бајден со лидерите на НАТО, изјави во средата советникот на Бајден за национална безбедност Џејк Саливан.
Саливан рече дека за координацијата на санкциите ќе разговараат и лидерите на Г-7 во петок.