Соединетите Американски Држави ќе обезбедат 500 милиони долари нова помош за Украина за да и помогнат на владата во Киев да продолжи да исплаќа плати и пензии и да дава услуги, изјави претставник на американското Министерство за финансии.
Помошта, за која официјалниот претставник рече дека е потребна за да се спречи влошување на хуманитарната ситуација во земјата додека Русија продолжува со инвазијата, ќе ја соопшти министерката за финансии Џенет Јелен за време на нејзината средба со украинскиот премиер Денис Шмигал и министерот за финансии Сергеј Марченко.