Првата кадровска одлука на новиот американски претседател Џо Бајден беше назначувањето на Аврил Хаинс на чело на националните разузнавачки служби. Сенатот тоа го одобри, па Аврил Хаинс стана првата жена на таа позиција, со 84 гласа „за“ и само 10 гласа „против“.

Аврил Хаинс ги има сите квалификации за работното место, како поранешен заменик-директор на ЦИА. Таа ќе го води безбедносниот тим на Бајден, со задача да ги надгледува сите агенции што ја сочинуваат американската разузнавачка заедница.

Пред неа на таа функција беше, Џон Ратклиф , силен поддржувач на Трамп, републиканец од Тексас, кој не беше квалификуван за оваа работа, со оглед на тоа што претходно бил сенатор, градоначалник на мал град со 7.000 жители и јавен обвинител во источниот округ Тексас.

Аврил Хаинс (53) е адвокат која работеше во советничкиот тим на претседателот Барак Обама од 2010 година , беше прва жена заменик-директор на ЦИА од 2013 година и беше заменик на советник на претседателот за национална безбедност од 2015 до 2017 година.

Сенаторот Марк Ворнер , демократ од Вирџинија, кој е на чело на разузнавачкиот комитет во новиот Сенат, изрази задоволство од изборот на Аврил Хаинс: „Откако намерно беше поткопувана четири години, разузнавачката заедница заслужува силен водач да ја води и да ја оживее“.

Таа доби поддршка од добар дел од републиканците. Марко Рубио , претседател на заминување од редовите на Републиканската партија, изјави дека е среќен што колегите од Сенатот му се придружија во потврдувањето на назначувањето на Аврил Хаинс на таа важна функција.

Пред потврдата, Аврил Хаинс мораше да одговори на деталните прашања од членовите на Комитетот за разузнавање на Сенатот. Меѓу другото, таа одговори дека Соединетите држави треба да заземат „агресивен став“ кон заканата што ја претставува Кина.

Таа исто така смета дека треба да се најде начин да се принудат одговорните во странство да плаќаат за штетата предизвикана од хакерски напади, зборувајќи во случајот со неодамнешното хакирање на SolarWinds, за кое се сомничи Русија.