Американски официјален претставник предупреди дека Русија планира наскоро да изврши нови напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти во Украина. „Имаме информации дека Русија ги засилува напорите да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти на Украина во наредните денови“, рече неименуваниот функционер, цитиран од Ројтерс.
„Со оглед на досегашното искуство на Русија во Украина, ние сме загрижени за континуираната закана што руските напади ја претставуваат за цивилите и цивилната инфраструктура“, рече тој, додавајќи дека неговата изјава се заснова врз извесни информации на американското разузнавање.
Неговото предупредување дојде откако украинските власти забранија јавни прослави во главниот град Киев, оваа недела по повод 31 година од независноста од советската власт, наведувајќи ја зголемената закана од напад. Денот на независноста на Украина, 24 август, се совпаѓа со шестмесечната пресвртница на руската неиспровоцирана инвазија врз Украина на 24 февруари.