Отворањето на преговорите меѓу Северна Македонија и Европската унија е од суштинско значење за САД. Заменик-помошникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар за „Гласот на Америка“ рече дека веќе разговарале со Франција за што поскоро отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија, пренесува ТВ 21.

-Веќе зборувавме со Франција. Ставивме јасно до знаење дека ние веруваме дека членството во ЕУ за сите држави од Западниот Балкан е од суштинско значење за сите нас. Веруваме дека тие се дел од Европа, веруваме дека како што ги исполнуваат условите со затворање на поглавјата треба да бидат сѐ повеќе интегрирани во ЕУ и мислиме дека тоа ќе биде решение за сите држави. Секоја држава што влегла во ЕУ станала подемократска, попросперитетна и постабилна, рече Габриел Ескобар, заменик помошник на државниот секретар на САД за Западен балкан.

Целиот напис прочитајте го овде.