Американската влада предупредува на нов голем компјутерски напад врз серверите на Мајкрософт, поврзан со Кина. Американската Агенција за компјутерска и инфраструктурна безбедност денеска издаде итно предупредување, повикувајќи ги компаниите и владините агенции итно да го апдејтираат критичниот софтвер.
Предупредувањето дојде неколку часа откако портпаролката на Белата куќа Џен Пскаки оцени дека има „активна закана“ од хакерски напад.
– Advertisement –
„Сите што работат со овие сервери, владата, приватниот сектор, академијата, треба да реагираат сега да ги закрпат“, рече таа.