Соединетите држави од денеска и официјално се дел од Парискиот климатски договор. Станува збор за план за борба против климатски промени, договорен од Обединетите нации на конференцијата која во 2015 година се одржа во Париз. За да стапи на сила, договорот бараше ратификација на 55 земји.

Договорот го потпишаа 191 земја, но 62 го имаат и ратификувано. Договорот предвидува лесен проток на финансии и технологија. Претседателот на Соединетите држави Џо Бајден потпиша извршна наредба да се приклучи на Парискиот договор за климата на првиот ден од неговото преземање на функцијата на 21 јануари 2021 година.

– Advertisement –

Прикажи повеќе