САД денеска одобрија нов пакет воена помош за Украина во вредност од 150 милиони долари, кој вклучува противвоздушно и артилериско оружје и опрема, објави Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека Русија започнала војна со Украина и може да ја прекине во секое време со повлекување на своите сили, но дека додека Москва не го стори тоа, САД и коалициските партнери ќе продолжат да му даваат помош на Киев.

САД досега ја испратија најголемата воена и финансиска помош за Украина, вредна речиси 44 милијарди долари, по инвазијата на Русија кон крајот на февруари 2022 година.