Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) ја одобри употребата на третата доза од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против ковид-19 за најзагрозените категории граѓани.

Advertisements

ФДА одлуката ја соопшти вчера откако минатата недела независната советодавна комисија даде таква препорака. Одобрувањето на трета или т.н. засилувачка доза се однесува на лицата постари од 65 години, но и помладите кои се сметаат за најмногу изложени на ризик поради тешка болест или професијата.

Одлуката го отвора патот уште во текот на оваа недела третата доза да биде достапна за милиони Американци кои втората дозата ја примиле пред најмалку шест месеци.

В.д. директорката на ФДА, Џенет Вудкок, појасни дека одлуката значи оти засилувачката доза ќе биде дозволена за групи како здравствените работници, наставниците, работниците во самопослугите и луѓето во засолништата за бездомници и затворите.

Прикажи повеќе