САД му дадоа на Израел 30 дена да го подобри протокот на хуманитарна помош во Газа или ризикува да ја изгуби воената поддршка.
Меѓу барањата на САД е дека Израел мора да дозволи најмалку 350 камиони дневно да влезат во Газа преку сите четири главни премини, како и да отвори петти.
Исто така, мора да спроведе хуманитарни паузи низ Газа за да овозможи хуманитарни активности, вклучително вакцинирање и дистрибуција на помош, најмалку во следните четири месеци.
Во меѓувреме, САД наводно добиле гаранции од Израел дека нема да ги нападнат иранските нуклеарни или нафтени постројки кога ќе одговорат на нападот со балистички ракети лансиран од Техеран минатиот месец.
Сепак, двајца функционери, зборувајќи за новинската агенција АП под услов да останат анонимни, предупредија дека гаранциите на Израел не се цврсти и дека околностите може да се променат.
Текстот САД му дадоа ултиматум на Израел е превземен од МАКФАКС.