Американскиот Стејт департмент издаде „предупредување за безбедносна претпазливост низ целиот свет“ за сите свои граѓани во странство, наведувајќи дека постои можност за напади.
– Поради зголемените тензии на различни локации низ светот, потенцијалот за терористички напади, демонстрации или насилни дејствија против граѓаните и интересите на САД, Стејт департментот ги советува американските граѓани во странство да бидат особено претпазливи, се вели во соопштението.
Тоа значи дека граѓаните на САД треба да бидат внимателни на туристичките места и да се пријават за да добиваат информации и предупредувања.