Заменичката на државниот секретар на САД Венди Шерман денес зборувала со генералниот секретар на француското Министерство за надворешни работи Франсоа Делатр за најновите случувања на патот на Северна Македонија кон Европската Унија, соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Advertisements

„Заменик-секретарот Шерман и генералниот секретар Делатр разговараа и за најновите случувања на патот на Албанија и Северна Македонија кон членство во ЕУ“, се вели во изјавата на Прајс.

Прајс изјави дека тие разговарале и за тековните заеднички напори да се обезбеди поддршка за Украина и да се повика Русија на одговорност поради „нејзината неиспровоцирана и неоправдана војна“.

„Двајцата зборуваа за важната работа за ублажување на предизвиците за глобалната безбедност на храната што произлегуваат од активностите на Кремљ“, соопшти меѓудругото Прајс.

Собраниската седница требаше да почнува денеска во 11 часот, а право на збор имаат уште тројца пратеници, по што ќе треба да се гласа за заклучокот и информацијата на Владата околу францускиот предлог./mkvoanews/

Прикажи повеќе