Соединетите американски држави, преку својата амбасада во Приштина, го повикаа Косово да се приклучи на „Отворен Балкан“, иницијатива која ја покренаа Северна Македонија, Албанија и Србија.

„Ја повикуваме Владата да се приклучат на регионалните напори за економска интеграција со отворен ум и да усвојат решенија што даваат резултати за граѓаните на Косово, а истовремено да ги подобрат врските со своите соседи“, велат од Амбасадата на САД во Косово, а пренесува Радио Слободна Европа.

Како што велат од Амбасадата на САД во Приштина, посилна економска и политичка интеграција е од суштинско значење за мирот и просперитетот.

Претходно Косово одби да биде дел од „Мал Шенген“, а сега со новоиме „Отворен Балкан“, со образложение дека нема визија за регинот.