Познатиот член на жирито на „Britain’s God Talent“ и „America’s Got Talent“, Сајмон Кауел, вели дека се чуствува подобро и дека се опоравува по несреќата што ја доживеал минатата година.
„Можеше да биде многу полошо. Кога ја видов рентген снимката, сфатив дека речиси сум го смачкал `рбетот на парчиња, среќа е што можам да се движам“, изјави тој за „Extra“ во неговото прво интервју откако во август минатата година падна од електричен велосипед.
Кауел рече дека несреќата била „ненадејна“ и дека во моментот кога паднал, едноставно знаел дека повредата ќе биде сериозна.
„Мислев дека умирам. Едноставно беше надреално“, вели Сајмон..
61-годишниот Кауел се заблагодари на неговата парнерка Лорен Силверман и нивниот 7-годишен син Ерик што му помогнале повторно да застане на нозе.
„Таа беше прекрасна. И таа и Ерик, тие беа мојата поддршка. Без нив, немаше да можам да поминам низ ова, несреќата нè зближи“, додаде Сајмон.
„Најтешко ми беше кога излегов од болница, и тоа ѝ го кажав на Лорен, ми беше срам да се вратам дома, изгледав како да имам 100 години, се движев со помагала“, се пошегува тој.
Кауел прозборе и за беспомошноста што ја доживеал за време на опоравувањето од повредата.
„Никогаш во животот не сум бил во ваква ситуација, буквално не можев да се движам… Болката беше неиздржлива. Но, морав да останам позитивен и решителен. Си ветив дека ќе бидам по фит отколку што бев пред несреќата“, вели Кауел кој рече дека сега е во подобра физичка состојба од порано.