Со вклучена опрема за снимање, данската радио-новинарка Луиз Фишер во текот на снимањето на радискиот извештај за укинување на рестриктивните мерки поврзани со коронавирусот, имала секс во текот на интервјуто во клубот на свингерите.
Експлицитни звуци додека известува
Луиз Фишер од радиостаницата РАДИО4 била на задача на која известувала за повторното отворање на клубот недалеку од Копенхаген по ублажувањето на превентивните мерки.
Во извештајот емитуван минатата недела, се слуша како Фишер ги интервјуира луѓето во свингерскиот клуб, а потоа и самата им се придружува во нивните сексуални игри. Слушателите можат да ги слушнат експлицитните звуци на нивниот сексуален однос додека таа му поставува прашања на својот сексуален партнер.
– Свингерската сцена е многу мистериозна – рекла Фишер во интервјуто за весникот „Џиландс-Постен“, велејќи дека сакала да воспостави доверба со луѓето со кои разговарала во клубот.
Наместо осуда, добила пофалби
Директорката на програмата Тина Крагелунд го пофалила нејзиниот посветен, ангажиран пристап кон новинарската задача.
– Мислам дека е сосема во ред кога нашите новинари експериментираат занимавајќи се со новинарството на поинаков начин – рекла Крагелунд за данскиот весник.
Раководството на радиостаницата претходно на својата истражувачка новинарка ѝ дало зелено светло за секс во свингерскиот клуб, се разбира, доколку таа самата тоа го сака.
Крагелунд за шведската телевизија СВТ изјавила дека нејзината радиостаница нема никакви резерви кон нешто толку универзално како што е сексот. Таа додала дека нејзините новинари честопати и во другите известувања ги вклучувале сопствените искуства.
– На овој начин, успеавме да продреме подлабоко во целата приказна отколку да сме само набљудувачи – рекла таа за СВТ.
Луиз Фишер рекла дека некои колеги новинари ја прекориле дека ја преминала границата, но, сепак, поголемиот дел од повратните информации што ги добила радиостаницата биле позитивни.