„Додека граѓаните едвај излегуваат на крај со секојдневните поскапувања, менито во владиниот ресторан останува евтино“, пишува Алмакос.
„Како што ќе видите во документот подолу, една салата од краставици во владиниот ресторант може да се изеде и за 20 денари, додека „поскапи” се мешаната салата 40 денари и салата со домати 35 денари. Бифтекот чини 180 денари, готвено јагнешко 160, додека свинско со праз 170 денари.
По овој ценовник имаат „чест” да се најадат само „именуваните и избраните” додека граѓаните може да го видат само на интернет“, додаваат од порталот Алмакос.