СИТЕ познаваме некој кој секогаш има среќа во животот. Таквите луѓе привлекуваат добри вибрации, успех, слава, моќ и пари и обично сè им оди побрзо и полесно. Астролозите веруваат дека луѓето родени во овие хороскопски знаци се најсреќните во животот.

Стрелец

Стрелците имаат најмногу среќа во животот благодарение на нивниот владетел Јупитер, кој ги штити од негативни влијанија. На овие оптимисти обично се им оди добро и постојано им се отвораат големи можности. Тие самите го заслужуваат тоа затоа што се бестрашни и подготвени да ризикуваат, а тоа обично им се исплати.

Лав

Лавовите привлекуваат среќа и секогаш го добиваат она што го посакуваат. Тие се оптимисти и полни со надеж, а нивната напорна работа обично се исплати, па многу од нив се успешни во животот. Нивниот љубовен и деловен живот се предодредени за среќа.

Вага

И овие луѓе обично го добиваат она што го сакаат. Иако за тоа треба да се потрудат малку повеќе, резултатите секогаш се во нивна корист. Вагите се оптимистички луѓе кои веруваат во ширењето на среќата каде и да се. Имаат добра енергија и имаат среќа во многу работи.

Бик

Бикот е исто така благословен со среќа, особено на материјален план. Често им се отвораат добри деловни и финансиски можности. Овие луѓе се подготвени да работат напорно за да го постигнат она што го сакаат, а нивната упорност во комбинација со среќните околности е добитна формула за успех.