Екс амбасадорот во НАТО Нано Ружин во емисијата 24 анализа вели дека дипломатот треба да е аргументиран и внимателен и да размислува и да гради позиција со дијалог.
– Ова што го прави владата треба да и се честита, бидејќи со Грција ние немавме дијалог, само ад хок случајни средби. Сега Ковачевски и Петков се нови во ова. Ни направи чест Петков што дојде во Скопје и се договорија да еден од петте проблеми е отфрлен. Петков е интелектуалец, отворен човек и тој сака да го омекне јавното мислење во Бугарија кое беше инструментализирано од други членки на ЕУ. – рече Ружин.