Поранешниот дипломат и универзитетски професор Нано Ружин во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека Бугарија ќе има негативна реакција за донесената резолуција.
„Конечно се утврдени тие линии и е разоткриена некоја да кажеме теорија на заговор или некои форми на скриена дипломатија, дека некој сака да ги продава националните интереси и тоа е добро, бидејќи сега македонскиот народ знае дека не се работи за никаква игра туку за чесни преговрои кои за жал многу тешко се одиваат заради самата специфичност и реакцијата на Софија“, посочи Ружин.