Последната извршна одлука на американскиот претседател Џо Бајден, која се предвидува замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор, претставува големо враќање на САД на Западен Балкан смета поранешниот македонски амбасадор во НАТО, Нано Ружин.
Ружин вели дека администрацијата на Бајден има добри познавачи на балканските прилики, кои настојуваат да ги дисциплинираат политичките елити на Западен Балкан.
„Тоа е крај и за сите оние кои настапуваат во функција на некои големи националистички соништа, како што е случајот со Бериша“, изјавил Ружин за Гласот на Америка.