Назад нема, напред не се знае крајот за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Директорот на државни патишта Ејуп Рустеми тврди дека ова е пример како нè треба да се влезе во еден проект. И покрај тоа што бил дел од власта која го прифати, тој не чувствува одговорност, оти како пратеник не ги знаел деталите.
Во интервјуто за Радио Слободна Европа, Рустеми вели дека ова е типичен пример како не треба да влеземе во реализација на еден проект кој е лош.
Ги разгледувавме сите можности, но кога ќе дојдеш на 80% реализација на проект, веќе не можеш да се вратиш назад. Веќе сега треба да гледаме како да го завршиме овој проект. Сега на пример имаме 13 нови свлечишта. И кога имаш толку свлечишта на оние места каде беа и по два пати проектирани и два пати изградени, и по трет пат ти се појавуваат уште 13 нови свлечишта, јас како директор ЈПДП имам и правна одговорност. За тоа ќе ангажираме сега надворешен експерт кој ќе треба да најде техничко решение за целосно стабилизирање на тие косини, бидејќи ние кога ќе пуштиме еден пат за сообраќај тој треба да е максимално безбеден, вели Рустеми/






















