Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми тврди дека претходната влада на Никола Груевски свесно ја опструирал изградбата на автопатот од 57 километри Кичево-Охрид, кој и после 10 години уште не изграден.
„Тој автопат имаше сериозни проблеми при проектирање. Кога се сретнав со главниот проектант ми беше речено дека овој автопат е проектиран така да никогаш не се игради“, открива директорот Рустеми во интервју за телевизијата Шења и порталот зоом.мк додавајќи дека досега институциите ги завршиле сите процедури со цел до крајот на годината изведувачот да го изгради автопатот.
Рустеми смета дека од направените анализи дошле до заклучок дека во земјата изградбата на патиштата трае предолго и заради тоа е променета методологија на градба .
„Се гради седум години експресниот пат од 29 километри Ранковце-Крива Паланка, кој е финансиран од Светска банка и уште не е завршен. Го имаме експресниот пат од Градцко до Прилеп. Два пати сме раскинале договор и сме избрале нови изведувачи и уште не е завршен“, вели директор на Државни патишта откривајќи дека најголем проблем при проектирање се прави кај аголот на косините, кои често треба да се прошират при што се губи време во ново проектирање и расте цената на чинење.
Според него, иградбата на коридорот 8 и 10Д ќе заврши многу побрзо затоа што има нова методологија и изведувач, се одредува трасата, се прави еспропријација и се преминува ведноаш на градба дел по дел.